Претседателот на Христијанско-демократската унија и кандидат за канцелар Армин Лашет се повлекува од лидеркста позиција на партијата, објави Ројтерс повикувајќи се на германските медиуми.
На парламентарните избори одржани во септември, 25,8% од гласовите освои Цојал-демократската партија на Германија, после која следува унијата ЦДУ/ЦСУ со 24,1 процент, трета е партијата на Зелените со освоени 14,8% од гласовите и либералите ФДП о 11,5%.
Во четвртокот закочнаа разговорите меѓу СДП, партијата на зелените и Либерално-демократска партија за формирање на коалициска влада на чело со социјал-демократскиот кандидат за канцелар Олаф Шолц
Кандидатот за канцелар Армин Лашет после изборите, на кои Унијата оствари најлош резултат во историјата, се наоѓа под притисок на партијата, но и на јавноста.
Во анкетите на јавното мислење, мнозинството сметаат дека Лашет како кандидат на партија која не победи на изборите, не може да го преземе составувањето на владата. Вечерва е најавени и негово обраќање пред јавноста.
