Свет Топ вести

ЕУ најави истрага за случајот со тепање мигранти на границата помеѓу Босна и Херцеговина и Хрватска

Европската Унија е загрижена по извештаите за насилство врз бегалци и мигранти на границата помеѓу Босна и Херцеговина и Хрватска и најави истрага. На снимките објавени во медиумите се гледа како специјалци со пендреци ги тепаат бегалците на границата помеѓу Хрватска и Босна и Херцеговина. Портпаролката на ЕУ, Илва Јохансон пред новинарите рече дека постојат убедливи докази за злоупотреба на фондовите на ЕУ, а таа вечерва ќе разговара со грчкиот министер за миграција Нотис Митарачи и со хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ.

  • Морам да кажам дека ова е, односно некои од овие извештаи се шокантни и јас сум крајно загрижен за овие извештаи што беа објавени неодамна. Се разбира, ова треба да се истражи, но се чини дека има некаква оркестрација на насилство на нашите надворешни граници. И се чини дека постојат убедливи докази за злоупотреба на фондовите на ЕУ. И, се разбира, ова треба темелно да се истражи. Ние сме многу загрижени и исто така, морам да ви кажам, дека оваа вечер ќе се сретнеме лично со грчкиот министер за миграција Нотис Митарачи и, се разбира, ќе разговарам за овие извештаи директно со него. И, исто така, вечерва ќе се сретнам со хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, и исто така, ќе разговарам и со него, изјави вечерва Илва Јохансон, комесар за внатрешни работи на ЕУ.

Хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, денеска изјави дека веќе е започната истрага за да се утврди што се случило.

„Експертски тим денес веќе е на терен и има задача да утврди што се случило, кој учествувал во тоа и каде се случило“, им рече Божиновиќ на новинарите на прашањето да ја коментира снимката со насилство врз мигрантите објавено во средата во неколку земји.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Јанев од Кочани вети целосно расчистување на случајот со бегството на притвореник преку прозор на полициска станица

Дејан Дејан

Тензии во Советот на Тетово: По четиричасовна расправа усвоен дневниот ред, ДУИ ја напушти седницата иако беше прифатена нивна иницијатива 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе