Вести Свет

Вучиќ: Немам илузии во врска со брзото влегување на Србија во ЕУ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по состанокот на Европската народна партија (ЕПП) во Љубљана изјави дека словенечкиот предлог е до 2030 година сите земји од Западен Балкан да бидат дел од Европската унија.

Како што рече, иницијативата на словенечката делегација беше поддржана од австрискиот канцелар Себастијан Курц, а предлогот е таа да биде дел од официјалната изјава, но три земји отворено се противат.

-Мислам дека европските лидери нема да бидат подготвени да го прифатат тоа, кажа Вучиќ, додавајќи дека тие се изненадени што тоа не предизвикало големо изненадување кај луѓето од Балканот.

Како што изјави, тој нема илузии за брз влез во ЕУ, но дека е важно Србија да биде на европскиот пат и да има тесна соработка со ЕУ, бидејќи повеќе од 60 отсто од извозот оди во ЕУ, а Србија и припаѓа на Европа.

Тој посочи дека тоа е политичка одлука и дека смета да Србија предничи во интеграцијата.
Вучиќ посочи дека странците „ќе имаат главоболка“ од кавгите меѓу претставници од регионот, дека нема премногу очекувања, но дека очекува позитивна порака од ЕУ за Западен Балкан.
Тој оцени дека граѓаните на Србија со во право што сакале да одржуваат врски со земји надвор од ЕУ, како што се Кина и Русија, бидејќи и ЕУ има и голема економска размена со Кина, а сега, како што рече, „го молат Путин да им даде гас за да преживеат “.

На прашањето какви пораки очекува од германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон во врска со дијалогот меѓу Белград и Приштина, Вучиќ кажа дека очекува да бидат сместени некаде и да разговараат, и дека ќе бидат заинтересирани за енергетиката, бидејќи само тие можат да порачат да треба да се остане на патот на дијалогот.
На прашањето за средбата со претставниците на Грција, Вучиќ оцени да се надева дека ќе го потврдат ставот за непризнавање на независноста на Косово и дека ќе има надворешен притисок врз петте земји од ЕУ кои не го признаваат Косово да го сторат тоа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе