Дипломатска офанзива почнува на два дена пред почетокот на Самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи во Словенија. Министерот за надворешни работи Бујар Османи оди во Берлин, Варшава и Блед со цел билатерални средби и учество на значајни меѓународни настани.
Во Германија, Османи ќе има средби со неговиотгермански колега Хајко Мас и со државниот министер надлежен за Европа Михаел Рот. Целта на посетата е да се продолжи високиот политички дијалог со Германија, но и да се реафирмираат германските позиции во однос на нашето европско досие, особено пред одржувањето на Самитот во Словенија.
Од Берлин, Османи продолжува за Полска каде ќе учествува на „Безбедносниот форум во Варшава“. И тука ќе има средби со политички претставници активни во сферата на безбедноста и транс-атлантските односи. И Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров во свој дипломатски поход. Ќе учествува на 21-от Економски форум во Белград како говорник на панелот: „ЕУ-Западен Балкан: Што може да очекуваме од состанокот на ЕУ во Словенија?“
Самитот ЕУ-Западен Балкан дополнителна мотивација за надежите дека спорто со Бугарија можеи ке се реши. Премиерите Заев и бугарскиот премиер Јанев, имаат големи очекувања од постизборниот период, кој за Македонија завршува во втората половина на октомври, а за Бугарија – еден месец подоцна. Заев останува оптимист дека двете пријателски земји може да најдат решение за прашање од билатерален карактер. Во интервју за Бугарската национална телевизија, техничкиот премиер Стефан Јанев изразува очекување дека по изборите, дијалогот може да добие друга смисла и динамика. Но, тој не очекува промена на бугарските позиции, туку заштита на бугарскиот национален интерес кој е поврзан со интересите и на други нации во Европската унија.
