Вести Македонија Топ вести

Заев очекува МВР да го објави извештајот од истрагата за изгорената тетовска болница во која загинаа 14 пациенти

Премиерот Зоран Заев очекува следните денови Министерството за внатрешни работи да го објави извештајот за причините за пожарот во модуларната болница во Тетово за јавноста да биде информирана и за да може како претседател на Владата да донесе одлука за понудените оставки на министерот Филипче и заменик-министерот за здравство Хасани.

– Делот од форензиката и вештачењето што го направи МВР е доставено до Јавното обвинителство и од тој аспект очекувам во следните денови да се објави од страна на Министерството за внатрешни работи, а Јавното обвинителство може да продолжи со истрагата и да утврди други аспекти ако треба, но одговорот на прашањето од што е настанат пожарот и сите детали поврзани со настанувањето на пожарот, очекувам да бидат јавно објавени за да знаат граѓаните, но тоа е и основата за да донесам одлука во врска со понудите оставки на министерот и заменик-министерот за здравство, изјави Заев на денешната прес конференција.

Во досегашната пракса, МВР одбиваше официјално да објави наоди од истрагата и посочуваше дека за истрагите е надлежно јавното обвинителство кое треба да споделува информации.

Премиерот повтори дека германскиот извештај се очекува две недели по нивното заминување од Македонија каде имаа увид во местото на несреќата и во документите.

-Колку што сум информиран од министерот за внатрешни работи по заминувањето на германските експерти начелно за околу две недели се очекува да стигне нивниот извештај, посочи Заев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата не го прифаќа извинувањето на Мицкоски, бара санкција за Стоилковиќ

Дејан Дејан

Ревизија алармира за Комунална хигиена – граѓаните ја потврдуваат лошата состојба

Tea Dimkovska

Со наполнети 18 години, кацига и без второ лице, вака од денеска смее да се вози тротинет

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе