Вести Македонија

Габриел, синот на Амди Бајрам е 10-ти кандидат на листа на СДСМ, а ноќеска по закани му експлодирала и бомба пред куќа

Синот на Амди Бајрам, Габриел Бајрам ноќеска пријавил во полиција дека му била фрлена бомба во дворот на семејната куќа. Нема повредени луѓе, но има материјална штета врз објектот.

-На 03.10.2021 во 00,13 часот во СВР Скопје Г.Б.(40) од Скопје пријавил дека на 02.10.2021 околу 23.56 часот во дворно место од куќа во негова сопственост на подрачје на Чаир непознат сторител фрлил експлозивна направа која предизвикала оштетување на ограда, врата, прозорци и фасада на куќата. Нема повредени лица. Известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Претходно неколкупати пријавувал во полиција дека имал закани по телефон или на социјални мрежи. Се испитува дали заканите се поврзани со бомбашкиот напад.

Габриел Бајрам е на советничката листа на СДСМ за град Скопје на претстојните локални избори како кандидат број 10 (во Скопје се бираат 45 советници). Покрај високото десето добитно место за Габриел, и вториот син на Бајрам, Елвис е носител но на листа на Сојузот на Ромите во општина Шуто Оризари.

Амди Бајрам почина во Скопје од корона лани во октомври, а претходно на внуката правеше свадба во Истанбул каде ги собра сватовите затоа што во Македонија имаше забрани за собири ресторански забави како епидемиолошки мерки. По смртта, Габриел Бајрам тврдеше дека татко му не починал од корона туку од мозочен удар.

Фото: Полицаец сопрел Мајбах на автопат- повторно „пеколни“ возачи на автопатот кои возат и по 200 на час

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата не го прифаќа извинувањето на Мицкоски, бара санкција за Стоилковиќ

Дејан Дејан

Ревизија алармира за Комунална хигиена – граѓаните ја потврдуваат лошата состојба

Tea Dimkovska

Со наполнети 18 години, кацига и без второ лице, вака од денеска смее да се вози тротинет

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе