Најмалку девет лица загинаа во пожарот во болницата во романскиот град Констанца во која што се лекуваат пациенти болни од ковид-19. Тоа е трет смртоносен пожар во романските болници оваа година.
Пациенти скокале од прозорците на пониските катови, додека пожарникари вадат луѓе надвор. Во болницата имало 113 пациенти, вклучувајќи десет на одделот за интензивна нега, каде што избил пожарот.
Претседателот Клаус Јоханис изјави дека романската држава „не успеа во својата основна мисија да ги заштити своите граѓани“. „Тоа е страшна нова драма што ја потврдува дефицитарната инфраструктура на романскиот здравствен систем“, додаде тој. Земјата со 19 милиони жители имаше два други смртоносни болнички пожари во текот на минатата година, кога заминаа 10 лица.
Во романските болници моментално се лекуваат 12.100 пациенти со ковид-19, од кои 315 деца. Во земјата вчера се регистрирани 12.032 нови случаи на коронавирус, што е дневен рекорд од почетокот на пандемијата. Романија ја има втората најниска стапка на имунизација во Европската Унија, зад Бугарија.
