Македонија Топ вести

Ројтерс: ЕУ повеќе не може да им го гарантира членството на балканските земји

Европската унија, плашејќи се од можни политички реакции во земјите членки, повеќе не може да им гарантира членство на шестте балкански земји, на кои претходно им вети мести во клубот, пишува Ројтерс пренесувајќи ги ставовите на четири дипломати и содржината на еден неофицијален документ во кој новинската агенција имала увид.

Документот се однесува на заедничката декларација за сѐ уште неодржаниот самит ЕУ-Балкан, закажан за 6 октомври, на кој Брисел планираше да ја потврди својата недвосмислена подршка за европската иднина на регионот. Според дипломатите, дури и по две рунди разговори, земјите членки сѐ уште немаат постигнато согласност за декларацијата.

Европските земји не ги откриваат своите позиции по ова прашање, но според диломатите, богатите северни земји, како Данска, Франција и Холандија, стравуваат од повторување на избрзаната интеграција на Бугарија и Романија во ЕУ во 2007-та година, и лошото менаџирање на миграцијата на работната сила од Источна кон Централна Европа и Британија, пишува Ројтерс.

Од друга страна, членките кои се пропоненти на проширувањето, како Австрија, Италија, Хрватска, Словенија и Балтичките земји, ги критикуваат Франција и Германија дека не извршиле доволно притисок врз Бугарија да го повлече ветото за Македонија, и да се одблокира процесот на проширувањето.

Фон дер Лајен: Разговараме и со Бугарија за надминување на последната пречка

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе