Свет Топ вести

Кризата за гориво во Британија продолжува, војската ќе носи гориво до бензинските

Веќе неколку дена редици од камиони и автомобили бараат гориво на британските бензински пумпи, додека владата ја активираше војската да изврши вонредна достава на гориво од рафинериите до бензинските пумпи. Додека да се реши проблемот полиците во продавниците се веќе празни, а граѓаните во паника бараат гориво за своите возила.

Долги редови автомобили и денеска чекаат пред бензинските пумпи во Британија, бидејќи решение на кризата со горивото во земјата не е на повидок. Нервите на исфрустрираните возачи се исцрпени.

Најмалку 150 возачи на воени танкери се подготвени за испорака на гориво од рафинериите до бензинските станици. Кризата ја предизвика недостатокот на возачи на камиони, што доведе до панично купување бензин ширум Велика Британија.

Големите нафтени компании како Бритиш петрол, Шел и Еко започнаа да ја смируваат јавноста, соопштувајќи дека побарувачката на бензин и дизел ќе се нормализира „наредните денови“. Нивните проценки се дека посетеноста на бензинските пумпи полека опаѓа, односно ако во саботата побарувачката порасна за 500% во однос на вообичаените денови, сега таа изнесува само 40% над просекот.

  • Имам една четвртина од резервоарот и дојдов тука од јужен Вимблдон од станица, на станица и секаде е исто затворено, гужва. Воопшто не можете да влезете во ред, вели еден возач на моторцикл.
  • Излегов од Мичам, во обид да најдам дизел. Се приближувам на резерва. Да никаде нема, објаснува еден возач.
  • Не, вчера морав рано да запрам со работа, бидејќи останав без гориво. Сега се обидувам да наполнам гориво, да видам дали ќе успеам, да добијам гориво за следните неколку дена инаку нема работа, објаснува инструктор по возење.

Поради Брегзитот земјата ја напуштија 20.000 стручни лица главно од Источна Европа. Британската владата вели дека трупањето гориво од страна на граѓаните уште повеќе ја влошило состојбата, бидејќи се работи на тоа 5.000 камионџии да добијат дозволи за работа.

Сепак според проценките во Велика Британија недостасуваат повеќе од 100.000 возачи на камиони, што во последните месеци предизвика проблеми во прехрамбената индустрија, односно во доставата на храна и лекови.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Јанев од Кочани вети целосно расчистување на случајот со бегството на притвореник преку прозор на полициска станица

Дејан Дејан

Тензии во Советот на Тетово: По четиричасовна расправа усвоен дневниот ред, ДУИ ја напушти седницата иако беше прифатена нивна иницијатива 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе