Македонија Најважни

Редици пред пописните пунктови, граѓаните нервозни

Редици пред пописните пунктови. Вжештени телефонски линии, нервозни граѓани  што не биле посетени од попишувачи. На само неколку дена до крајот на најголемата статистичка операција проблемите не стивнуваат. Од државниот завод за статистијка уверуваат дека до 30 септември сите ќе бидат попишани.

Телефонските линии во пописните пунктови постојано ѕвонат. Оние кои не успеале да остварат контакт доаѓаат на лице место. Расте нервозата, се создаваат редици,меѓу нив и стари и болни лица. Дел од граѓаните се жалат дека воопшто не биле посетени од попишувачи, други пак не биле затекнати во својот дом.

Од пописната Комисија во Кисела Вода велат дека деновиве е зголемен интересот за попишување на граѓаните. Онаму каде што недостасуваат попишувачи се превземаат од друг реон.

Се попишува и во просторииите на Државниот завод за статистика. Директорот Апостол Симовски уверува дека има доволно време да се попише целото население во државата.

Пописот ќе трае до 30 септември а првичните резултати ќе се соопштат после 6 месеци.

Јулијана Пешевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе