Редици пред пописните пунктови. Вжештени телефонски линии, нервозни граѓани што не биле посетени од попишувачи. На само неколку дена до крајот на најголемата статистичка операција проблемите не стивнуваат. Од државниот завод за статистијка уверуваат дека до 30 септември сите ќе бидат попишани.
Телефонските линии во пописните пунктови постојано ѕвонат. Оние кои не успеале да остварат контакт доаѓаат на лице место. Расте нервозата, се создаваат редици,меѓу нив и стари и болни лица. Дел од граѓаните се жалат дека воопшто не биле посетени од попишувачи, други пак не биле затекнати во својот дом.
Од пописната Комисија во Кисела Вода велат дека деновиве е зголемен интересот за попишување на граѓаните. Онаму каде што недостасуваат попишувачи се превземаат од друг реон.
Се попишува и во просторииите на Државниот завод за статистика. Директорот Апостол Симовски уверува дека има доволно време да се попише целото население во државата.
Пописот ќе трае до 30 септември а првичните резултати ќе се соопштат после 6 месеци.
Јулијана Пешевска