Несигурност кај Германците за политичката иднина на земјата по вчерашните избори на кои социјалдемократите од левиот центар освоија тесна победа пред блокот на десниот центар на канцеларката во заминување Ангела Меркел. „Почнува партијата покер“, ова е само еден од насловите денеска во Германија кои ги кометираат сите можни коалиции кои се на маса- „Семафор“, „Јамајка“, „Кенија“ и „Германија“.
Според прелиминарните резултати објавени утрово за изборите во Германија, десноцентристичката Социјалдемократска партија (СПД) и нивниот лидер Олаф Шолц освоија 25,7 проценти од гласовите, пред конзервативната унија ЦДУ-ЦСУ, предводени од Армин Лашет со историски најниско ниво од 24, 1 процент. Партиските лидери претпладнево на состанок ги отовораат сите можности за што поскоро формирање влада.
– Ова е големо разочарување на Унијата како целина, не може тоа да се занемари. Од друга страна факт е дека се уште имаме можност за формирање на влада, нема чисто мнозинство за кандидат за канцелар и затоа сега започнуваме разговори и ќе видиме дали ќе успееме да формираме стабилна коалиција на центарот, Ралф Бринкхаус, член на савезног одбора на ЦДУ.
Долг ќе биде патот до новата влада, која најверојатно ќе биде составена од тричлена коалиција. Изгледа дека се зависи од Зелените и слободните демократи, партии кои традиционално се во ривалски блокови, кои со освоено трето мосто на изборите можат да и се приклучат на новата влада.
Прочитајте повеќе:„Јамајка“, „Семафор“ или „Кенија“ ќе владеат од Берлин
Бидејќи големата коалиција, која повторно би се состоела од ЦДУ/ЦСУ и СДП, според анкетите, е влада поддржана од само осум проценти од Германците.
-Значи мислам дека сум прилично среќен. При тоа секако, морам да кажам дека сега не сме нешто попаметни од предходно, туку помалку. Сега немаме јасно мнозинство. Мислам дека синоќа беше малку предвидливо во која насока се движиме. Имаше одреден напредок. Се зборуваше за тоа дека, на пример, Зелените прво ќе разговараат со ФДП. Потоа се направени придвожувања кај Лашет. Беше кажано дека е направена успешна влада во Северна-Рајна-Вестфалија. Ова зборува малку според мене за Јамајка коалицијата, Томас Крингс, аналитичар.
-Сега Зелените мора прво да се позанимаваат со ФДП, за да најдат заеднички јазик тоа ќе потрае долго. Секако, би сакал тоа да се случи брзо, Томас Прокс, пензионер.
Берлин ќе ја добие својата прва избрана градоначалничка откако Франциска Гифи и нејзините Социјалдемократи (СПД) ги победија Зелените на вчерашните избори. Градот со 3,7 милиони жители само еден краток период досега бил воден од жена.
Билјана Ставрова
