Излезните анкети покажуваат мртва трка меѓу демохристијаните и социјалдемократите, додека и двете партии тврдат дека мандатот за формирање на идната влада на Германија е кај нив. Првичните проекции предвидуваат речиси изедначен резултат, 25,9 Социјалдемократската партија, наспроти 24,5 за Демохристијанската унија. Но се чини дека оптимизмот е поголем кај социјалдемократите.
Ова ќе биде долга изборна ноќ, тоа е сигурно, но исто така сигурно е и дека многу граѓани гласаа за СПД бидејќи сакаат промена на владата, и бидејќи сакаат името на следниот канцелар да биде Олаф Шолц, порача лидерот на СПД.
За разлика од социјалдемократите, кај демохристијаните владее разочарување. Од кога Ангела Меркел ја води партијата, ЦДУ никогаш не освоила помалку од 30 проценти од гласовите. СДП пред една година имаше само 10 проценти, па не е за чудење што вечерва се пресреќни.
Наследникот на Меркел, Армин Лашет иако тврди дека мандатот за идната влада е нивен, не можеше да го скрие разочарувањето.
Во моментов немаме сигурен краен резултат, немаме сигурни бројки, но веднаш можеме да кажеме дека не можеме да бидеме задоволни со резултатот. Сепак, резултатите од овие избори засега не се јасни, ова ќе биде долга ноќ. Во секој случај, резултатот од изборите ја става Германија, унијата, сите демократски партии пред големи предизвици, оцени Лашет.
Добар резултат проекциите им предвидуваат и на зелените, кои освојуваат 14 проценти, пред либералите ФДП со 11,7 и Алтернатива за Германија со 10,6. Токму крајнодесничарите најмногу најмногу уживаат во неуспехот на ЦДУ.
ЦДУ беше казнета за 16 години под Меркел. Така е, ова е добар успех, рече портпаролот на АФП Тино Крупала.
Станува се појасно дека новата влада ќе мора да биде коалиција од три партии, а тоа значи дека Германија ја очекуваат долги и тешки преговори за коалиционирање.
Игор Трајков
