Најважни Свет

Татко си ги убил сопствените деца во Загреб

Три деца, момче и девоче близнаци на седумгодишна возраст и момче на четиригодишна возраст синоќа во стан во Загреб биле задавени од нивниот татко, кој потоа и самиот се обидел да се самоубие.

Според хрватските медиуми граѓани ја алармирале полицијата за можно самоубиство, откако на социјалните мрежи таткото објавил проштално писмо во кое како причина ги навел нарушените односи помеѓу поранешната сопруга и сегашната партнерка. Два часа после полноќ полицијата влегла во станот и ги пронашла телата на трите деца.

Со доаѓањето на местото на настанот, на подрачјето на градот Загреб, поточно во Млинови, во станот е пронајден маж во нарушена здравствена состојба и за жал три малолетни деца, кои не давале знаци на живот. По доаѓањето на лекар од итната медицинска помош била потврдена смртта на децата и дека станува збор за насилна смрт, изјави Николина Грубишиќ Пожар од полициската управа на Загреб.

Сцената која ја посведочиле била толку потресна што на полициските службеници кои први интервенирале по пријавата ќе им биде пружена психијатриска помош. Четиригодишното момче било пронајдено во спалната соба, а седум годишните близнаци во дневната до расфлените играчки со кои си играле кобната ноќ.

Според хрватските медиуми родителите на трите дечиња биле разведени, тие живееле со мајката а викендот требале да го поминат со таткото.

Таткото, идентификуван како Харал Копиц, е австриски државјанин со постојан престој во Хрватска. Тој е познат финансиски консултант кој бил на раководни позиции во некои од најголемите австриски компании. Копиц го преживеал обидот за самоубиство и во моментов е на интензивна нега и е во стабилна состојба.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Разрешени осум министри во владата – Мицкоски пред пратениците: Од првиот ден реков дека ова нема да биде Влада на комфор, туку Влада на резултати

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе