Свет

САД и Хуавеи постигнаа договор за враќање на директорката на компанијата во Кина

Американски суд го одобри договорот помеѓу Вашингтон и кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеи, според кој извршната директорка на компанијата ќе може да се врати во Кина, а постапката покрената против неа за „банкарска измама“ ќе биде одложена за крајот на 2022 година.

Судија на федералниот суд во Бруклин го „прифати“ договорот постигнат меѓу Министерството за правда на САД и адвокатот на Менг Ванџу, финансиската директорка на Хуавеи, која е во домашен притвор во Канада во последните три години и на која САД сакаа да и судат на американско тло.

Против Менг Ванџу беше покренат процес кон крајот на 2018 година поради заговор за извршување банкарска измама. Таа беше приведена во Канада на барање на САД.

Доколку договорот не биде оспорен или раскинат до 1 декември, целата постапка на крајот ќе биде отфрлена. Со прифаќањето на овие услови од договорот, ќе завршат тригодишните судски спорови и тензии меѓу Пекинг, Вашингтон и Отава.

Случајот предизвика меѓународен спор и ги заостри односите на Кина со САД и Канада.

Според договорот, случајот за екстрадиција од Канада најверојатно ќе биде отфрлен и таа ќе може да биде ослободена речиси веднаш.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Тројца мртви во напад врз Московската област

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе