Свет Топ вести

Брнабиќ: Приштина разгоре голема криза

Српската премиерка Ана Брнабиќ во говорот на Генералното собрание на ОН во Њујорк рече дека Приштина разгоре голема криза со ирационална демонстрација на сила, но оти Белград останува посветен на изнаоѓање решение базирано на компромис.

Од сите предизвици со кои се соочува Србија, според нејзе, најважното прашање е одржувањето на мирот и стабилноста на Косово и ја повика меѓународната заедница да инсистира Приштина да ги почитува постигнатите договори.

Српската премиерка рече дека повеќе од две децении, Србија постојано го привлекува вниманието на светската јавност кон проблемите со кои се соочува неалбанското население во Косово.

Таа посочи дека бројот на напади врз Србите, нивниот имот и верското наследство на Косово постојано се зголемува и наведе неколку примери.

Оваа спирала на насилство во Косово и Метохија кулминираше на почетокот на неделата. Под изговор за примена на нови правила за регистарски таблички, Приштина испрати тешко вооружени специјални единици на северот од покраината. Ова е уште едно брутално кршење на бриселскиот договор. Оваа ирационална демонстрација на сила разгоре голема криза, рече Брнабиќ.

Таа нагласи дека и покрај сите предизвици и секојдневни провокации, Србија останува силно посветена на изнаоѓање решение базирано на компромис, кое ќе обезбеди траен мир и стабилност.

Дијалогот и спроведувањето на постигнатите договори се единствениот правилен начин за решавање на сите отворени прашања, рече Ана Брнабиќ.

Таа посочи дека речиси девет години од постигнувањето на Бриселскиот договор, формирањето на Заедница на српски општини се уште не е постигнато.

Уште еднаш ја повикувам меѓународната заедница и ЕУ да инсистираат привремените институции во Приштина да почнат со спроведување на договорите, рече Брнабиќ.

Таа додаде дека активноста на ОН на Косово е важна и изрази надеж дека ОН ќе продолжат да го спроведуваат својот мандат согласно Резолуцијата 1244.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Јанев од Кочани вети целосно расчистување на случајот со бегството на притвореник преку прозор на полициска станица

Дејан Дејан

Тензии во Советот на Тетово: По четиричасовна расправа усвоен дневниот ред, ДУИ ја напушти седницата иако беше прифатена нивна иницијатива 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе