Вести Македонија Најважни

Од понеделник почнува вакцинација против ковид со трета доза – дозволена е само Фајзер

Македонци одат во Србија во потрага по трета доза од вакцината, потврдуваат за Телма од вакциналниот пункт во Врање. Сепак таму се уште нема одлука за вакцинирање на странци па нема можност за да бидат услужени. Но како што дознава Телма, дел од оние кои тука ги примиле првите две дози, кога ќе отидат во Србија не ги откриваат овие податоци, па таму третата доза всушност ја добиваат како прва.

За сега се уште немаме официјална потврда за да може да вакцинираме странски државјани со трета доза, но се очекува дека тоа наскоро би можело, можеби дури и во текот на овој месец. Штом имаме некои нови информации во врска со тоа прашање тогаш секако ќе ги известиме и вашите сограѓани кои примиле овде кај нас први две дози.  

Во Србија веќе еден месец се одвива вакцинација со трета доза, и нема никакви ограничувања освен да биде примена после 6 месеци од втората. Не е важна ни возраста ни тоа кој тип на вакцина претходно бил аплициран, односно веќе третиот пат може да се вакцинираат со кој било тип вакцина.

Во Турција по грешка вакцинирани бебиња за Ковид 19

Кај нас пак од понеделник ќе почне вакцинација со трета доза, но само со Фајзер, без разлика ако претходно граѓаните биле вакцинирани со друга. Ќе може само оние кои се над 60 години, здравствени работници или пак оние со здравствени проблеми. За да може оние кои ги примија првите две дози во Србија тука да се вакцинираат со трета доза ќе мора да се пријават сами. Но нема одговор како да се спречи Македонците да не манипулираат во Србија.

Според Филипче има доволно вакцини на Фајзер во земјава за да се задоволат потребите за трета доза. Вакцинацијата и понатаму вели останува најсигурна против смртноста од ковид 19. Но бидејќи во земјава е особено висока ќе се прави обемна анализа за начинот на лекување на пациентите кои починале, но и нивната претходна здравствена состојба и јавувањето на лекар.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе