ДИК не го прифати поднесеното барање за регулирање на гласачкото право на 700 граѓани кои во своите лични карти ја имаат наведено општината Бутел а според територијалната поделба треба да стои Чучер Сандево.
Образложението е дека промената на општината не смее да се прави 6 месеци пред избори, така што иако овие лица живеат во Чучер Сандево на локалните избори ќе гласаат за градоначалник на Бутел.
Дел од членовите на комисијата рекоа дека нема да се потпишат на избирачкиот список.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
