Македонија Топ вести

Телма на пунктот за вакцинација кај УКИМ – 60 студенти се вакцинирале таму досега

Недела и половина откако со полна пареа работи пунктот за вакцинација на приземјето на Економски факултет – шеесетина студенти ја искористиле можноста да се вакцинираат против Ковид и тоа на свој терен, во рамки на УКИМ.

„Зад мене ја гледаме редицата на студенти со индекси, пријави и сите документи за упис на семестар. Десетина метри понатаму – никој не чека пред пунктот за вакцинација.“

10 до 15 студенти на ден ги посетуваат докторите овде во овој целосно опремен пункт. Камерата на Телма сними неколку. Кај оние коишто ги анкетиравме во рамки на кампусот – преовладува ставот дека вакцинацијата е добра идеја.

„Треба да се подигне свесноста на студентите дека треба да се вакцинираат и дека не е опасно. Треба да постои опција/можност и на Ректорат да се вакцинираат.“

 

„МЗошто студентите да не се вакцинираат? Пунктот е отворен Секој ден од 08:00 до 14:00 часот. Слаб е интересот за вакцинација кај младите.“

 

„Ќерката Тука се запиша на факултет и сака да се вакцинира на факултетски пункт. Од Куманово сме, јас сум вакцинирана, еве и ќерка ми сега се вакцинира.“

 

„Веројатно може да се стимулираат студенти и вработени да се вакцинираат тука.“

Сите студенти се информирани за можноста што ја имаат и тоа на само неколку чекори од своите амфитеатри. Службите испратиле меил до сите, со детали каде можат да добијат вакцина.

„Поентата беше најмногу за студентите и за вработените на кампусот меѓутоа тука може да дојде и секој граѓанин којшто сака. Важно е првата и втората доза да бидат примени на ова место. Поентата е да се извакцинираат што е можно повеќе студенти. На почетокот немаа слушнато сите меѓутоа беше испратен меил до сите студенти и најверојатно досега сите се веќе информирани. Очекуваме за некое време сè повеќе да се извакцинираат за да се вратат на нормална настава со физичко присуство“ вели д-р. Ангела Димитриевска од Студентската поликлиника.

Од Министерството за здравство информираат дека во државата со една доза вкупно се вакцинирани 42.381 адолесценти на возраст од 18 до 23 години, а 33.000 од нив со двете дози. Министерството не води евиденција за тоа колку од нив се студенти.

Во меѓувреме, се забележува пад на општиот интерес кај граѓаните за прва доза, во дневните извештаи на здравствените власти.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе