Вести Македонија

ВМРО-ДПМНЕ и Весковски во клинч, најавуваат кривични пријави

Кривични пријави ќе поднесат и ВМРО – ДПМНЕ и директорот на скопски водовод Душко Весковски, едните за злоупотреба на службената положба и овластување другиот за клевета а во меѓувреме  остануваат цврсто на своите дијаметрално спротивни тврдења кој изведувал градежни зафати на улицата Варшавска во скопската населба Тафталиџе во јули и август минатата година.

Од опоизциската партија тврдат дека имаат документи кои докажуваат дека по налог на Водовод и Канализација, а без склучен тендер се поставувала водоводна мрежа, од Вјавното претпријатие дециндни по наш налог таму се работеше откако е завршен тендерот.

Казнет работник бидејќи седел во кафана наместо да работи на поставување на водоводната мрежа на Варшавска, тековни извештаи за надзор, времена ситуација од изведувачот се дел од документите кои денеска ги презентираше ВМРО – ДПМНЕ како поткрепа на тврдењата дека првиот човек на Водовод работел спротивно на законот. Оттаму додаваат дека фирмата изведувач е блиска до владеачаката партија

Весковски пак тврди дека по нивен налог на улицата е работено откако завршил тендерот во октомври минатата година. Учествувале пет фирми и немало жалби што според Весковски е доказ дека се е легално.  Кој копал на улицата во посочениот период нема прецизен одговор.

Весковски соопшти дека денеска ќе поднесе кривична пријава за клевета додека од ВМРО – ДПМНЕ најавија дека деновиве комплетната документација заедно со кривична пријава ќе биде доставена до јавното обвинителство.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе