Само 26 жени од 298 кандидати за градоначалник ќе учевствуваат на локалните избори. 91,28% се мажи а 8,72% жени. За главниот град ќе се борат 12 кандидати, две жени, двајца адвокати, двајца музичари, хирург, бизнисмени. Поднесени се 15 листи за советници за политички партии, коалиции и независни групи. ДИК отфрли една поднесена кандидатура за Вевчани.
Во однос на советничките листи поднесени се вкупно 574. Жените се застапени со 45,01%, односно 4.750 а мажите со 54,99% или 5.800 кандидати. На листите најмногу има доктори, музичари и стопанственици.
Најголемиот дел од кандидатите за советници се на возраст од 27 до 35 години – 2.700, од 18 до 20 години има 477. Од 21 до 26 години имаат 1.430 кандидати, од 36 до 45 години 2.490 кандидати, од 46 до 55 години – 1.770 , од 56 до 65 се 1.160, а 516 се над 66 години. Од вкупно 10.550 кандидати за општински советници, шест се на возраст над 80 години.
Жребувањето за утврдување на единствена листа на канидати треба да се изврши најдоцна на 23 септември по што ДИК е должна да ја објави на интернет страницата. Изборната кампања започнува на 27 септември и ќе трае до 15 октомври. Првиот круг избори ќе се одржи на 17 октомври.
Јулијана Пешевска
