Македонија

26 жени од вкупно 298 кандидати за градоначалници

Само 26 жени од 298 кандидати за градоначалник  ќе учевствуваат на локалните избори. 91,28% се мажи а 8,72% жени. За главниот град ќе се борат 12 кандидати, две жени, двајца адвокати, двајца музичари, хирург, бизнисмени. Поднесени се 15 листи за советници за политички партии, коалиции и независни групи. ДИК отфрли една поднесена кандидатура за Вевчани.

Во однос на советничките листи поднесени се вкупно 574. Жените се застапени со 45,01%, односно 4.750 а мажите со 54,99% или 5.800 кандидати. На листите најмногу има доктори, музичари и стопанственици.

Најголемиот дел од кандидатите за советници се на возраст од 27 до 35 години –  2.700, од 18 до 20 години има 477. Од 21 до 26 години имаат 1.430 кандидати, од 36 до 45 години 2.490 кандидати, од 46 до 55 години – 1.770 ,  од 56 до 65 се 1.160, а 516 се  над 66 години. Од вкупно 10.550 кандидати за општински советници, шест се на возраст над 80 години.

Жребувањето за утврдување на единствена листа на канидати треба да се изврши најдоцна на 23 септември по што ДИК е должна да ја објави на интернет страницата. Изборната кампања започнува на 27 септември и ќе трае до 15 октомври. Првиот круг избори ќе се одржи на 17 октомври.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе