Македонија

Алијанса за Албанците: Протестот во Тетово не е организиран од албанската опозиција

Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива отсекогаш ги има почитувано и вреднувано  достоинтсвото и важната улога на жената Aлбанка. Од друга страна, јавноста добро е запознаена кои се тие кои ги имаат обезвреднувано и навредувано албанските мајки и жени, се вели во реакцијата од Алијанса на Албанците и Алтернатива, откако ДУИ го осуди физичкото и родовото насилство за време на протестот во Тетово.

„Корупцијата и криминалот не можете да ги задскриете со родовата еднаквост и неоснованата улога на жртва. Вие треба да сносите одговорност за загинатите мајки, татковци и млади луѓе во модуларната болница во Тетово“, порачуваат од Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Според нив денешниот протест и искажан револт, не е организиран од страна на албанската опозиција, од друга страна, присуството на наши членови и симпатизери е чин на граѓанска свест и одговорност и нивното присуство е карактеризано само каков чин, како и на останатите граѓани на
Тетово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе