Неколку стотици граѓани, во организација на семејствата на жртвите во пожарот во модуларната болница во Тетово преку протестен марш денес побараа одговорност и правда. Тие се собраа на гратскиот плоштад од каде се упатија кон зградата на општина Тетово, каде по говорот кој беше одржан само на албански јазик, беше фрлано со јајца кон објектот на локалната самоуправа. Толпата се упати кон седиштето на ДУИ во Мала Речица.
Семејствата на загинатите, но и нивни сограѓани бараат одговори што се случило таа вечер, но бараат и одговорност од надлежните, како на централно така и на локално ниво.
Во пожарот кој се случи вечерта на 8-ми септември во модуларната болница во Тетово загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти со ковид 19 кои биле на лекување и две лица придружба, додека со помош на медицинскиот персонал и граѓаните беа спасени 12 пациенти.
Данијела Билбилоска
