Македонија Топ вести

ДУИ го осудува физичкото и родовото насилство за време на протестот во Тетово

Демократската Унија за Интеграција најостро го осудува физичкото и родовото насилство за време на денешниот протестен марш во Тетово.

Политичката бруталност на албанската опозиција, изразена преку нејзината скриена рака не познава граници, ниту болка за семејствата на починатите кои за жал ги загубија животите во трагедија што досега не сме ја доживеале. Ова е уште еден доказ за обидите на опозицијата да добијат ниски политички поени во пресрет на локалните избори.

Демократската Унија за Интеграција ги повикува политичките опоненти да не си поигруваат со чувствата на граѓаните и со тоа да не ги отвораат раните на членовите на семејствата.

ДУИ исто така го осудува вербалното родово насилство и бруталните пароли што беа користени од страна на организаторите.

Демократската Унија за Интеграција, ја осудува и злоупотребата на малолетниците, кои можеа да се видат на овој протестен марш, кршејќи ги нивните права.

Оценуваме дека домашните истражни органи заедно со германските експерти веќе ја извршуваат нивната истражувачка работа, со цел што е можно поскоро да се разјаснат причините што довеле до трагедијата.

Демократската Унија за Интеграција уште еднаш изразува искрено сочувство до семејствата и ги повикува политичките партии да не ја злоупотребуваат нивната болка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе