Вести Македонија

Мицкоски очекува 10-ци години затвор за трагедијата во тетовската модуларна, но не очекува објективна истрага за да се стигне до кривична одговорност

Лидерот на опозицијата кој денеска беше во посета на семејство во тетовско, кое остана без свој близок во трагедијата во тетовската модуларна болница, рече дека не очекува објективна истрага, а наведе дека одговорност и казни треба да има.

-Додека министерот за здравство и неговиот заменик се таму каде што се, додека овие луѓе ја водат Владата, не очекувам непристрасна истрага. Многу е јасно, објектот немал дозвола за употреба, а е пуштен во употреба. Треба ли уште повеќе да зборуваме? Овде треба кривична одговорност, овде треба десетици години затвор за тие што го дозволиле тоа. Каква истрага е потреба, за што зборуваме ние? Имаме објект кој нема дозвола за употреба, а е пуштен во употреба. Немаме инсталација за противпожарна заштита. Што треба истрагата да констатира? Еве јас сум инженер, констатирам, универзитетски професор сум. Што треба да констатираме повеќе, не знам што треба да констатираме повеќе, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

После посетата на семејството на загинатиот во пожарот кој однесе животи на 12 пациенти и 2 посетители во ковид болницата, Мицкоски изјави дека сведочењето на роднините било болно и траорно.

Германските форензичари стигнаа во земјава

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе