Македонија Топ вести

ДКСК: Распишаните избори не се пречка да се разреши директорот на ОУ „Лазо Ангеловски“

Распишаните избори не се пречка директорот на ОУ „Лазо Ангеловски“ да биде разрешен од позицијата директор.

Првиот човек на ДКСК, Билјана Ивановска во одговор за Телма вели дека кога станува збор за кривично дело или околности во кои веќе има некаква судска разрешница, тогаш нема никаква пречка лицето да биде разрешено.

Ова следува откако од Општина Аеродром на прашање на Телма тврдеа дека директорот не може да биде сменет, во време на распишани избори.

Пред два дена Граѓанскиот суд во Скопје изрече мерки за забрана поради скандалозното однесување во училиштето од страна на првиот човек.

Пред повеќе од половина година тогаш вработената во училиштето, до Основниот Граѓански суд Скопје, поднесе Предлог за изрекување на времени мерки за заштита од родово базирано насилство.

Во меѓувреме добива отказ од училиштето, додека нејзиниот претпоставен се уште е на позицијата директор. Лани, родители и вработени во „Лазо Ангеловски“ контактираа со Телма откако сите обиди за институционално решавање на овој сериозен проблем и скандал завршија неуспешно.

Тогаш „КОД“ контактираше со директорот на „Лазо Ангеловски“ и тој во телефонски разговор децидно ги отфрли сите обвинувања. Во 2019-та година, од Коалиција Маргини и Хелсиншкиот комитет за човекови права побарале институциите да го истражат проблематичното однесување на директорот, во интерес на децата, и вработените во најголемото основно училиште во државата.

И покрај сите укажувања, директорот сѐ уште е на својата позиција во училиштето, а вработената во текот на оваа година останала без работа.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе