Македонија Најважни

Заев: Системот за читање на отпечатоци ќе функционира, нема потреба од загриженост

Нема причина од загриженост дека ќе има проблеми со биометриската опрема која за прв пат ќе се користи на претстојните избори, уверува премиерот Заев. Од германската „Дермалог“ нема одговор како и зошто ги избрале двете македонски фирми „Симболико“ и „Алфазет – Македонија“ за подизведувачи. Нејасно е и кои се точно нивните обврски околу опремата и претстојните избори. Она што е познато е дека првичната дејност на „Симболико“ се кол и контакт центри, за кои има склучено договор со МВР .

Тендерот за набавка на читачи на отпечатоци на прсти од гернаската фирма „Дермалог“ била транспарентна, опремата се тестира и нема простор за загриженост дека ќе има евентуални проблеми,смета премиерот Заев, по информациите дека истата фирма стои зад набавката на биометриска опрема користена во Авганистан која затаила на изборите поради што резултатите доцнеле со месеци.

Процесот на тестирање и поставување на опермата е под мониториг а за успешни избори потребно е сите инситуции да бидат максимално одговорни.

Од гернаската „Дермалог“ не добивме одговор како и зошто двете македонски фирми „Симболико“ и „Алфазет – Македонија“ се избрани за подизведучи во прокетот за што ќе инкасираа околу три милиони евра од тендерот вреден 11 милиони евра.

Нема одговор нити од двете фирми кои се нивните обврски согласно тендерот и што точно тие треба да направат пред, за вереме на изборите и по нив. Она што е познато е дека дејноста на „Симболико“ е кол и контакт центри и дека тие се фирмата со која МВР склучи четири договори за вредни 1.8 милиони евра за набвака, работа и одржување на повикувачкиот центар.

11 милиони евра или 2.750 евра за еден читач е цената која ја платија македонските граѓани, а фирмата добитник ја избра и потпиша претседателот на ДИК, Александар Даштевски. Останатите три конкуренти на тендерот отпаднале бидејќи не доставиле комплетна документација.

А првите аларми околу компетенноста на „Дермалог“ се вклучија откако германските медиуми објавија дека оваа фирма била одговорна за набавката на биометриска опрема во Аванистан во 2018 година, која во септември 2019 година била користена на претседателските избори во Авганистан и затаила поради што резултатите од изборите биле официјални и конечни со закаснување од пет месеци.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе