По првиот бран заразени мирно тече училишната година во Гевгелија. Градот според епидемиолозите е на чекор до колективен имунитет. За наставата во училиштата во државата засега нема промени. Министерката за образование вели дек комисијата за заразни болести ќе препорача нови мерки додколку има потреба.
Епидемиолошката состојба во гевгелиските училишта полека се стабилизира. Се враќаат на настава 130 ученици кои беа во изолација. Според доктор Сашо Олумчев, врвот на овој бран во градот е постигнат и сегас следува помирен период.
Засега нема промена во наставата ниту во улиштата во државата. Министерката за образование Мила Царовска вели дека Комисијата за заразни болести ќе препорача доколку има потреба од тоа.
Инаку, во Гевгелија се очекува дека до Нова Година ќе има колективен имунитет. Досега се вакцинирани 60% од возрасните граѓани.
Сузана Мицева
