Вести Македонија Топ вести

Пописот го доби посакуваниот интензитет, ДЗС не очекува потешкотии до крајот

Без никакви застои и проблеми, со посакуваниот интензитет се одвива пописот на населението и објектите. Од Државниот завод за статистика се задоволни и од темпото и од работата на попишувачите, а Владата очекува пописот да продолжи со предвидената динамика и сите активности успешно да завршат до 30 септември.
Заклучно со завчера до 20 часот попишани се 512.457 лица, 158.519 домаќинства и 212.464 станови.
Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, рече дека одбивањата на попишување се незначителни и дека граѓаните не наседнуваат на негативната кампања.

Во телевизиско интервју тој вчера кажа дека нивната веб-страница е под постојан напад на хакери и оти имало два обиди за хакерски упади на системот за попишување, кои успешно биле одбиени.

  • Постојано е хакирана нашата веб страница. Веројатно целта е корисниците да не бидат во можност да ги следат нашите информации. Во два случаи имавме обид за хакерски напад на самиот процес на пописот, но и двата се успешно одбиени. Не е предизвикана никаква штета. Немам сознанија од каде се, но знам дека денес може да се направи таков обид од било каде, а да не знаете од каде доаѓаат нападите, истакна Симовски.

Тој рече дека има групации кои сакаат овој процес да не успее и јавно повикуваат граѓаните да не се попишуваат но, како што вели, не може да разбере зошто овие групации се против пописот.
Според Симовски, никаков политички субјект не вршел притисок врз нив како да се спроведе пописот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе