Македонија Топ вести

Меркел ги собра на една маса лидерите од регионот, поплaднево таа ќе има одделни средби и со секој од нив

Жалам што за време на германското претседателство, проширувањето на ЕУ со Албанија и Северна Македонија не се случи поради ветото на Бугарија. Ова е, може да се каже, проштална изјава која германската канцеларка, Ангела Меркел, ја даде за двете земји, кога денеска во Тирана за последен пат како канцеларка ги собра на една маса лидерите од регионот, седум години откако на нејзина иницијатива беше формиран Берлинскиот процес.

Меркел од Тирана пак на земјите од Западниот Балкан им порача дека геостратешки и  ЕУ и Германија, имаат свој интерес од членството на земјите од регионот во ЕУ. Сепак таа од премиерите на Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Албанија со кои имаше заеднички работен ручек побара да ја зајакнат својата регионална соработка во својот стремеж за членство во ЕУ. А за европскиот пат на земјите, таа со порака и до ЕУ:

„Европските земји треба да кажат кои се барањата за членство во ЕУ или за старт на пристапниот процес – што и го направивме, на пример, јасно, кога станува збор за Алабанија, што е потребно да смени во правосудниот систем, или што треба да смени на други место. Но потоа, кога барањата ќе се исполнат, ЕУ мора да си го одржи зборот и не постојано и постојано да излегува со нови услови, затоа што нема интерес – можеби од внатрешни причини во некои земји – да се придвижи напред процесот на пристапување. Тоа предизвикува разочарување и јас можам да го разберам тоа разочарување“, изјави Меркел.

Меркел на шесте лидери меѓу другото им посочилаи дека Берлинскиот процес е суштината на се и оти во овој контекст тој не може да се замени, туку дека работите во овој процес може да се забрзаат. Меркел која заминува од канцеларкста функција со формирањето на новата влада во Германија по изборите на 26 септември, ги увери балканските лидери дека секој следен канцелар ќе биде пријател на овој регион. Таа се осврна и на европскиот пат на земјите.

Меркел која деенска во Тирана пристигна од белград и беше пречекана со највисоки државни почести и силно полициско обезбедување на лидерите од Западниот Балкан им рече дека сакала да ги посети сите земји поединечно, но во моменталната ситуација тоа било неможно.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе