Ковид19 Свет

Задолжителен тест за децата од четири до 11 години во Грција за патување со авион во земјата

За патување со авион во внатрешноста на Грција, децата од четири до 11 години потребно е да имаат негативен резултат од направен тест за домашна употреба, односно селф тест.

Во рамките на новите мерки што стапија вчера во сила, од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција објаснуваат дека од денеска селф тестот е задолжителен за децата од четири, а не од петгодишна возраст како што беше првично соопштено.

Согласно новите здравствени протоколи за патување со авион кон сите дестинации во Грција, сите патници со наполнети 12 години потребно е да имаат сертификат за вакцинација со поминати 14 дена, да имаат потврда за прележан Ковид-19 во изминатите шест месеци или негативен рапид тест направен 48 часа пред патувањето.

За странските туристи, како што соопштија од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, важат истите правила и истите документи што се потребни и за влез во земјата, доколку сè уште се валидни во моментот на патување со авион кон некоја грчка дестинација.

Паралелно, маската е задолжителна и на аеродромите и за време на летовите, а во случај патникот да не носи маска, нема да му биде дозволен влез во авион.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ентони Блинкен до Си Џипинг: Поддршката за руската одбрана ја загрозува европската безбедност

Дејан Дејан

Покажаа разбирање за барањето за имунитет – врховните судии наклонети кон конзервативците во случајот со Трамп

Дејан Дејан

Зголемени разлики, зачестени разговори – Блинкен на средба со Џинпинг во Кина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе