Вести Македонија Топ вести

Лозарите се смирија, продолжува откупот на грозје по договорената цена

Откупот на грозје продолжи во винаријата Тиквеш во Кавадарци, откако синоќа неколкумина лозари ги историја  тракторски приколки полни со грозје пред капијата, а откорнаа и дел од оградата. Лозарите од синоќа се наредени во колона и го чекаат својот ред, за да им се измери малиганот и да го дадат на откуп.

Откупот на грозјето денеска тече тивко и без тензии. Винариите се полнат со квалитетното грозје од тиквешијата.

Од винарницата „Тиквеш“ синоќа информираа дека биле доведени во ситуација привремено да го прекинат откупот на грозјето, иако какошто велат се единствената, која оваа година дефинираше највисока цена.

Ваквиот прекин беше предизвикан од неколкумина поединци кои на крајно некоректен и насилнички начин го блокираа влезот на винарницата и со тоа им попречија на над 200 вистински лозари кои денеска беше планирано да го предадат своето грозје во „Тиквеш“. За да биде ситуацијата уште поапсурдна, поединците кои насилно и на највулгарен начин го блокираа влезот во винарницата и притоа нанесоа материјална штета, всушност се обиделе да манипулираат со квалитетот на грозјето кое имале намера да го предадат во „Тиквеш“, се вели во соопштението од винаријата Тиквеш.

Лозарите денеска се сообра во општинската зграда, до ресорното минситерство и државните инспекторати бараат да ги заштитат од откупувачите, бидејќи не се придрживаат на она што го договориле.

Секоја година лозарите од Тиквешијата се со исти проблеми, околу откупната цена, а сега колкава е шеќерноста на вранецот на смедеревката. Бербата е почната од пред неколку дена, а еден трошокот за да се произведе грозје од еден хектар чини 168.000 денари.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се дигна вредноста на Еуростандард зградата за една година во државни раце

Дејан Дејан

Нов случај на врсничко насилство, три девојчиња тепаат малолетничка во Куманово

Kristina Kuzmanovski

Непочитување на стандарди, регулатива и процедури покажало градежното вештачење на „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе