Поради стресот и траумата која ја преживеа во пожарот на модуларната болница во Тетово, 12-те преживеани пациенти со ковид 19 имаат потреба од психијатарска помош. Медицинскиот персонал заедно со граѓаните кои биле во близина ги изнесувале преку прозорците на објектот, а потоа биле префрлени на интернотото одделение. Доктор Гзим Нуредини вели дека по направените медицинските прегледи сега тие се во релативно добра здравствена состојба.
Откако оставка од своите функции поднесоа директорот на тетовската болница, Флорин Бесими и финансискиот директор, Артан Етеми, Управата ќе одлучува како ќе продолжи да работи болницата. Доктор Нуредини вели дека таква одлука мора да биде донесена што поскоро.
Иако се намалени бројките на новозаразени со ковид во тетовско, сепак во болницата се уште има нови приеми. Во изминатото деноноќие биле хоспитализирани 5 нови пациенти, со што вкупниот број на лица со ковид 19 кои се на лекување изнесува 53. Се уште е голем и бројот на амбулантските прегледи, односно за едноденоноќие медицинска помош побарале 78 лица. За среќа нема починати.
Данијела Билбилоска
