СДСМ нема да им сугерира на своите членови за кого да гласаат во вториот изборен круг доколку битката се води меѓу нивните коалициски партнери . ДУИ утре ќе ги претстави 18-те кандидати за градоначалници.ВМРО ДПМНЕ обвинува дека владејачките партии се во паника.
СДСМ нема да се меша доколку во вториот изборен круг градоначалничката трка се води меѓу ДУИ и БЕСА. Ќе остават на своите гласачи сами да одлучат на кого ќе ја дадат поддршката.
ДУИ утре и официјално во Гостивар ќе ги претстави кандидатите за градоначалници во 18 општини.Во најголемиот дел одат со актуелните градоначалници, Теута Арифи-Тетово, Рамиз Мерко –Струга, Кичево-Фатмир Дехари, Дебар-Хекуран Дука, Чаир –Висар Ганиу, за Гостивар поддршка ќе бара поранешниот градоначалник Невзат Бејта.Членот на Претседателството на ДУИ Артан Груби е убеден во победа, а Коалицијата ан ВМРО ДПМНЕ со Алијанса и Алтернатива ја нарече несвојствена.
На изјавата на Груби реагираше ВМРО ДПМНЕ.
ВМРО ДПМНЕ: Ги паметиме со насмевка деновите кога Артан Груби секојдневно беше дел од ентериерот во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а при таквите посети не можеше да го сокрие неговото воодушевување .Воедно Артан Груби важи и за еден од првите најбрзи пратениците кога на времето го притискаше копчето за гласање на владите на ВМРО-ДПМНЕ.
Листите со кандидати за градоначалници и советници се доставувата до ДИК 35 дена пред одржувањето на локалните избори, односно најдоцна до 11 септември.
Јулијана Пешевска
