Македонија Најважни

СДСМ кандидати за градоначалници: Кострадин Костадинов за Струмица, Христо Кондовски за Битола

СДСМ ги објави дополнителните кандидати за градоначлалници во 17 општини:

Куманово-  Оливер Илиевски, дипломиран економист и директор на водостопаскство Куманово. СДСМ има еден кандидат кој е најдобрата понуда во градот. „Досегашниот градоначалник самиот отиде против себе и се исклучи од партијата“, рече Љупчо Николовски.

Општина Центар- Горан Герасимовски, магистер менаџер на човечки ресурси, со долгогодишно искуство во притавниот и јавниот сектор.

Ѓорче Петров- Александар Наумовски досегашниот градоначалник кој има огромен број успешни проекти.

Битола- Христо Кондовски, познат стопанственик и менаџер.

Македонска Каменица- за нов мандат ќе се бори Соња Стаменкова досегашната градоначалничка со огромен број реализирани проекти.

Шуто Оризари- Асам Ферат, приватен стопанственик и претседател на општинската СДСМ.

Кривогаштани- Николче Мисовски, агроном и успешен стопанственик

Струга – Димче Шипинкаровски, економист и стопанственик, раководител на подрачната единица за Фондот за здравство.

Гевгелија- Сашко Поцков ќе бара уште еден мандат од граѓаните.

Дебарца- Игор Крцковски, дипломиран правник, директор на ЈП комунални дејности.

Чучер Сандево- Сашко Комненовиќ, дипломиран криминалист.

Македонски брод- Живко Силјановски, кој покажа како се раздолжува една општина

Долнени- Аднан Џаферовски.

Врапчиште – Џазми Мамути, сопственик на приватна фирма.

Радовиш- Коле Чарапчиев, актуелен пратеник.

Крива Паланка- Сашко Митовски, млад докажан успешен стопанственик и економист.

Струмица- Кострадин Костадинов, портпарол на СДСМ

За Кочани дополнително ќе биде објавен кандидатов за градоначалник.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По смртта на градежниот работник во Трубарево инспекторатот за труд го затвори градилиштето

Tea Dimkovska

Во Демирхисарската болница ќе биде спроведен на лекување таткото на Меланија која објави дека со нејзиното семејство се жртви на семејно насилство

Tea Dimkovska

МВР ја избриша објавата со слика генерирана од вештачка интелигенција за случајот со странецот кој се загуби на Матка

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе