Вести Свет Топ вести

Евакуацијата од Кабул под закана од терористички напад

Западните земји алармираат дека аеродромот во Кабул е под директна закана од терористички напад, додека илјадници луѓе се уште се надеваат дека ќе бидат извлечени од земјата со помош на американските војници и нивните сојузници. САД и Австралија ги предупредија своите граѓани да го напуштат што е можно побрзо градот. Франција соопшти дека во петок ќе престане со евакуацијата од Авганистан откако ги повлече своите граѓани и дополнително уште 2.000 Авганистанци.

Дека аеродромот е под закана од терористички напад предупреди и генералниот секретар на НАТО, Столтенберг.

Од една страна, ние би сакале да имаме што е можно повеќе време за да извлечеме што е можно повеќе луѓе. Меѓутоа… ако останеме по 31 август, особено ако талибанците не ни дадат барем премолчена согласност, заканата од напади расте, истакна Столтенберг.

Тој додаде дека во Кабул се одвива една од најголемите операции за евакуација во историјата.

По повлекувањето на војниците од Авганистан НАТО ќе продолжи со напорите за евакуација со комерцијални летови и ќе бара од талибанците да ги отворат копнени маршрути, наведе Столтенберг.

Талибанските претставници ветија дека ќе обезбедат безбедност надвор од аеродромот во Кабул, но разузнавачките извештаи за непосредна закана од милитантите на Исламската држава не можат да се игнорираат, велат од НАТО.

Во меѓувреме, американските вооружени сили и ЦИА спроведуваат тајни операции со цел евакуација на своите граѓани надвор од аеродромот во Кабул, пишува „Волстрит џурнал“
Според весникот, ЦИА започнала неколку тајни операции со цел евакуација на Американците од Кабул, но и од други локации, користејќи воени хеликоптери.
Покрај тоа, американските војници, заедно со нивните соработници, особено Британците и Французите, спроведуваат операции на терен во кои извлекуваат сонародници, како и Авганистанци со зелена карта и специјални визи, но приоритет им се дава на американските граѓани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе