Македонија

120 пријави за отштета од пожарите во делчевско

Поднесени се 120 пријави за настаната штета од пожарите на територија на Делчево, зафаќајќи ги атарите на  селата Стар Истевник, Нов Истевник, Вирче, Тработивиште и Разловци.

Мештаните пријавуваат штети на куќи, викендици, помошни објекти, високостеблеста борова и дабова шума, пасишта, овошни насади, угинати домашни животни и птици, опожарена земјоделска механизација и други земјоделски производи.

Рокот за пријавување штети истекува утре, по што Комисијата за процена на штети од понеделник излегува на терен.Според првичните проценки во делчевско изгореа над осум отсто од шумскиот фонд.

Во беровскиот регион во тек е пријавувањето на штетите до локалната комисија, а во Кочани заврши постапката и сега се чека на проценката на одредени вештаци. Во кочанскиот регион штета од пожарите пријавиле вкупно 47 граѓани.

Се очекува наредната недела да биде готов елаборатот, по што ќе почне и исплатата на штетите од буџетот или преку донации.

Пожарите, кои се активираа на 2 август, Илинден  во Пијанечко-Малешевскиот регион и Кочани оставија пустош зад себе и ќе бидат запаметени како едни од најапокалиптичните во источна Македонија.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе