Вести Македонија

111 години од раѓањето на Мајка Тереза

Денес се навршуваат 111 години од раѓањето на големата Мајка Тереза. Жената која го промени светот. Гонџа Бојаџиу потекнува од Скопје, а целиот свој живот помагаше на сиромашните и немоќните. Католичката цркваја прогласи за светица во2016 година.

На 4 септември, 2016 година, Мајка Тереза ​​беше прогласена за Света Тереза ​​од Калкута, од страна на папата Франциск.

Папата Францис тогаш одговори: “Да ја носиме нејзината насмевка во нашите срца и да им ја даваме на оние кои ги среќаваме за време на нашето патување, особено на оние кои страдаат. Ја прогласуваме Блажената Тереза​​од Калкута да биде светица и ја запишуваме меѓу светците, и таа треба да биде почитуван како таква од страна на целата Црква.”

Мудрите мисли и зборови на оваа извонредна жена меѓу нас се денес присутни како никогаш досега. Токму нејзините пораки за мир не’ насочуваат на размислувањето да станеме подобри луѓе, баш како што и самата Мајка Тереза правеше целиот свој живот. Нека овие цитати во продолжение ви бидат мантра за секој ден.

– „Ако не можеш да нахраниш 100-тина луѓе, нахрани само 1 човек.“

-„Оние кои ги осудуваат луѓето немаат време да ги сакаат.“ 

– „Некои луѓе влегуваат во твојот живот како благослов, а некои како лекција.“ 

-„Не сме сите создадени да правиме големи работи. Но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов.“ 

– „Осаменоста и чувството дека не сте сакани е најголемата сиромаштија.“ 

– „Не е важно колку работите, важно е колку љубов внесувате во тоа што го правите.“ 

-„За да го вратиме мирот, не ни требаат оружја и бомби. Ни треба љубов и сочувство.“ -„Мирот започнува со насмевката.“ 

– „Дочекајте се едни со други со насмевка, бидејќи насмевката е почетокот на љубовта.“ 

-„Пронајдов еден парадокс. Ако сакате некого до болка, тоа значи дека болката повеќе нема да постои, туку само љубовта.“ 

– „Мирот не постои. Тоа е затоа што заборавивме дека припаѓаме едни на други.“ 

– „Што можете да направите за да го промовирате мирот во светот? Одете дома и сакајте го вашето семејство.“ 

– „Најдете време за игра, тоа е тајната на вечната младост.“ 

– „Секој кој ви се приближува нека си оди од кај вас подобар и посреќен.“ 

– „Има повеќе глад во светот за љубов и почитување, отколку за леб.“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе