Вести Македонија Топ вести

По 30 години македонската дијаспора за пасош ќе се слика во амбасадите

Македонската дијаспора дочека. Конечно и таа ќе може да аплицира и да се фотографира за пасош секој работен дена, во конзулатните претставништва на земјава во странство. Таа веќе нема да ги чекаат мобилните екипи на МНР еднаш-двапати годишно да ги посетат и да ги фотографираат, кои пак поради пандемијата со коронавирусот изминатата година и половина не го правеа тоа, па владата за да го бајпасира тој проблем го продолжи важењето на истечените пасоши на дијапсората до 31 декември годинава.

„Тоа што го правиме денес е всушност револуција во услугите што ги дава државата кон дијаспората“, оцени Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Први привилегија да се фотографираат за пасош без притоа да прават долгорочни планови кога да го спроведат тоа во Македонија, ќе ја имаат македонските граѓани во неколку европски држави.

„Во моментов се инсталираат базни станици во Минхен, Бон и Берлин, а потоа и во Брисел. Втората екипа оди во Берн, Виена, Љубљана и Венеција, третатат екипа оди во Лондон. Потоа, ќе има базна станица во Стокхолм“, информираше Османи.

Во САД вакви базни станици ќе бидат инсталирани во Њујорк и во Чикаго, во Канада во Торонто и во Австралија во Мелбурн.

Првите 15 фиксни и мобилни базни станици за земање биометриски податоци за пасош треба бидат инсталирани до крајот на октомври, а со МВР е договорено во иднина сите ДКП-а да бидат опремени со вакви станици.

„За сите овие 15 базни станици, колку што во овој момент ќе се користат и една базна станица која што треба да остане во Министерството, вкупно 16 базни станици, ние при набавката потрошивме околу 150.000 евра“, информираше Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Дијаспората освен што ќе може кога сака да се фотографира за нов пасош, тие документот ќе го добијат со новото уставно име на земјата, со што Македонија исполни уште една точка од Преспанскиот договор, заедно со вметнувањето на новото име на змејата во личните карти, возачките дозволи и ознаката на регистарските таблички.

Истовремено во Грција е заглавено усвојувањето на трите меморандуми кои произлегуваат од Преспанскиот договор, за што Османи денеска индиректно кажа дека ќе биде тема на разговар со неговиот грчки колега Никос Дендијас, кој идната недела треба да ја посети земјава.

„Предвидуваме во текот на оваа средба да разговараме и да направиме и една евалуација на степенот на имплементација во однос на обврските што ги има и државата, меѓутоа што ги има и Република Грција. Така што планираме посуштински и посистематски да навлеземе по однос на сите прашања со цел да направиме еден пресек на степенот на реализација“, изјави Османи.

Дендијас во Скопје ќе се сретне и со претседателот на државата Стево Пендаровски, кој пак во првата половина од октомври ќе патува во официјална посета на Грција, прва во историјата на односите меѓу двете држави, иако доколку се влоши состојбата со пандемијата постои можност посетата да биде одложена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Загина градежен работник во општината Гази Баба – паднал од височина додека извршувал градежни активности

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе