Во телефонска изјава за Телма, актулениот градоначалник на Центар Саша Богдановиќ тврди дека неговата партија СДСМ се уште не одлучила дефинитивно кој ќе биде кандидат за градоначалник на претстојните локални избори.
Од друга страна, пак се повеќе партиски извори и медиумски текстови објавуваат дека социјал-демократите во Центар ќе го кандидираат претседателот на општинскиот одбор во Центар, Горан Герасимовски. Но Богдановиќ смета дека кандидирањето за Центар, се уште не завршено во СДСМ.
Доколку не го изберат како кандидат за да се бори за продолжување на кариерата како прв човек на Центар, Богдановиќ ни тврди дека не му паѓа на памет да собира потписи и да се кандидира како независен.
