Министерката за труд и социјала, Јагода Шахпаска, денеска од Битола ги повика сите вработени во детските градинки кои не се вакцинирани да пристапат кон процесот на имунизација, за непречено да продолжи вооспитно образовниот процес. Досега се вакцинирани речиси 65 проценти од вработените воспитувачи, негуватели и технички пероснал во градинките во државата. Неделава има зголемување на бројот на заболени од ковид 19, 9 од вработените и 2 деца се позитивни на вирусот, информираше Шахпаска.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
