Вести Македонија Топ вести

Студентите поделени за типот на настава, за дигитални учебници не се чека законот

Половина од студентите се за онлајн настава, половина за физичко присуство. За само еден ден од анкетата на УКИМ, гласале 7 илјади студенти и има мала разлика околу 200 гласа во ставовите за тоа, каква настава да посетувааат претстојната студентска година. Се чекаат препораки од Комисијата за заразни болести, но во меѓувреме, студентите апелираат до надлежните да обезбедат алтернативни начини со кои би можеле да се вратат во академските клупи.

Во однос на училиштата, кои од 1 септември ќе бидат отворени за настава со физичко присуство за сите ученици, министерката Царовска ги повтори резервните сценарија ако се влоши епидемиолошката состојба, но не прецизираше дали има точни критериуми или процент на заразени во училиштата, што ќе одреди кога ќе се примени ново сценарио. Секое училиште посебно ќе изготвува упатства за тоа, како ќе се одвива наставата, во колкави групи, каде ќе се движат, како да се однесуваат, да држат физичко растојание и да одржуваат хигиена,и нив  учениците ќе ги добијат на првиот училишен ден.

За тоа, дали ќе има целодневна настава за помалите ученици и дневен престој за поголемите, ќе се одлучува во секое училиште посебно, во договор со надлежни од општината.Три дена пред почетокот на новата, учениците конечно ќе ги добијат и свидетелствата за претходната година.

Најден е начин и како да се  протнат дигиталните учебници за четвртоодделенците и покрај тоа што се` уште не е донесен законот за учебници. Тие ќе бидат поставени на веб платформи и тука, според министерката, нема ништо незаконско.

Засега се набавени само 3 илјади таблети за учениците чии родители се со ниски примања.Се очекува да се набават уште 7 илјади, а за останатите ученици, товарот за купување на таблети ќе биде на родителите.

Далиборка Демјанска Цветановска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе