На прес конференцијата на министерката за образование Мила Царовска и студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ не се почитуваа новите протоколи за заштита од ковид за медиумските работници, а кои се дел од најновите здравствени протоколи.
По реакцијата на Телевизија Телма дека нема пулт на кој треба да се остават микрофоните, а со тоа и не бисе одржала потребната дистанца, студентите од ФЕИТ, во чиј двор се одржуваше прес конференцијата веднаш изреагираа, и од блиските училишни столчиња и клупи го импровизираа пултот.
