Вести Македонија Топ вести

Доктор Балоски: Ламбда сојот е со тројна мутација, кај и да е ќе дојде и кај нас

Делта сојот е ризик за младите на возраст од 18 до 30 години. Симптомите се поинакви, но само на почеток, потоа состојбата драматично се влошува, вели пулмологот доктор Марјан Баловски од болницата „8. Септември“ во интервју за ТВ 24.Овој бран има разлика во симптомите на заразата, додава тој.

Во почетокот можете да имате главоболка, кивавица, течење на носот и да помислите сте седеле под клима или сте возеле со отворен прозорец, или да мислите дека баш сега сте добиле алергија за првпат. Најчесто младите мислат дека не е ништо сериозно, а го шират вирусот, па затоа сакам да испратам еден апел до сите кои првично сметаат дека имаат симптоми на алергија или настинка да се изолираат поради можноста да се преносители на Ковид-19, вели Баловски.

Тој како пулмолог рече дека е неблагодарно да прогнозира кога ќе биде пикот на четвртиот бран, но додаде дека треба да се подготвиме за ламбда сојот кој се очекува да го има и во земјата.

Се работи за тројна мутација. Постои, кај и да е ќе дојде кај нас. Секој да даде личен допринос и едноставно да ги почитува правилата за да спречиме несакано губење на животи, истакна докторот.

Додаде дека со Ковид-19 нема правила и дека белите дробови се прва мета така што настанува веднаш уништување на оние клетки кои прават размена на кислородот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе