Трагедија во Албанија. Три лица меѓу кои и двајца повозрасни туристи од Македонија, се удавиле на плажите во Велипоја и Спиле, објави албанската телевизија „А2 СНН“..
Според полицијата, претпладнето во Велипоја се удавило 59 годишно лице, а речиси во исто време, на плажата во Спиле се удавиле двајца туристи од македонија на возраст од 78 и 79 години.
Според „А2 СНН“, причина биле високите бранови.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
