Најголемите партии не стравуваат од губење на гласовите на контото на независните кандидати. ВМРО ДПМНЕ смета дека е добро граѓаните да имаат колку што е можно поголем избор.
Кога ќе се види структурата на подносителите на листите, тоа се граѓански активисти и досегашни поддржувачи на политиките на СДСМ. Власта предводена од Заев се руши по сите шавови.
СДСМ се убедени дека на изборите ќе освојат најмногу градоначалници.
СДСМ не стравува од одлив на гласови на контото на независните кандидати за градоначалници и за советници.СДСМ е сигурен во силната поддршка од граѓаните, во својата најдобра програмска и кадровска понуда. Уверени сме во голема победа на локалните избори.
Рокот за поднесување независни кандидатски листи за градоначалник и за совет ќе трае до 30 август. Досега се собрани потписи за 4 советнички листи, група избирачи предводени од Јана Белчева Андреевска за општина Центар, Аки Акиев за Кочани , Петар Камчевски и Ристо Сакалиев за Кавадарци.Потписите продолжуваат да се собираат за уште 22 листи од кои 9 се за градоначалник а 12 за членови на совет. Ана Петровска од иницијативата ,, Зелен хуман град,, ќе бара поддршка за Скопје, а Драгана Велковска ја предводи листата за совет на Град Скопје. Васко Костов собира потписи за Карпош, а Невена Георгиевска за советот, во Охрид поднесена е 1 листа за канидат за градоначалник и 3 за совет меѓу кои и ,,Охрид пред се,, предводена од Димитар Вељановски. Независни кандидати има и за Свети Николе- Слободан Даневски, Зоран Лазаровски-Паљо за Битола, Дејан Велиновски- Македонска Каменица, Стојанче Лазов-Росоман . За Тетово се собираат потписи за една листа за совет предводена од Хамди Сулејмани, а Енвер Пајазити како независен кандидат за градоначалник во Брвеница.
Од денес почнува и увидот во Избирачкиот список кој ќе трае до 9 септември. Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да извршат увид во своите податоци тоа може да го направат електронски или лично во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.
Јулијана Пешевска
