Вести Македонија Топ вести

Изменет протоколот за влез во терминалните згради на аеродромите

На аеродромите во државава од синоќа во 21 часот влез во аеродромските терминални згради е дозволен само со приложување: сертификат за извршена вакцинација протов Ковид-19, односно примена најмалку прва доза на вакцина, или сертификат / потврда за прележан Ковид во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето или медицинска потврда со негативен резултат  од ПЦР тест не постар од 72 часа, или брз антиген тест не постар од 48 часа, пред влегување. Ова не се однесува на лица под 18 години.

Во известувањето до патниците на веб страницата на Меѓународниот аеродром Скопје е наведено дека е извршена измена на Протоколот на ТАВ Македонија за управување со аеродромите во време на пандемија.

-Согласно Одлуката на Владата за изменување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот Sars-Cov-2, случаите и временскиот период на нивна примена извршена е измена на Протоколот на ТАВ Македонија за управување со аеродромите во време на пандемија, стои во известувањето.

Од ТАВ Македонија апелираат до патниците да ги почитуваат превентивните мерки против КОВИД-19 што се применуваат во аеродромската терминална зграда.

-Постојано носете заштитна маска, одржувајте физичко растојание, често дезинфицирајте ги рацете, практикувајте бесконтактни технологии за завршување на аеродромските процедури, порачуваат од ТАВ Македонија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Загина градежен работник во општината Гази Баба – паднал од височина додека извршувал градежни активности

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе