Македонија Топ вести

ДИК: Четири независни кандидатски листи ги собраа потписите

Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) заклучно до вчера собрани се потписите за четири независни советнички листи за локалните избори што ќе се одржат на 17 октомври.

Тоа се листата на кандидати за советници за Општина Центар, со носителот Јана Белчева – Андреевска, советничката листа за општина Кавадарци со Петар Камчевски, советничката листа за општина Росоман со Ристо Сакалиев и советничката листа за општина Кочани со носителот Аки Акиев.

ДИК информира дека собирањето потписи продолжува за Ана Петровска, кандидат за градоначалник на Град Скопје,  за Васко Костов, кандидат за градоначалник на општина Карпош, Зоран Лазаровски-Паљо, кандидат за градоначалник на општина Битола, Дејан Велиновски, кандидат за градоначалник на општина Македонска Каменица, Сенат Усеиноски, кандидат за градоначалник на општина Охрид, Слободан Даневски, кандидат за градоначалник на општина Свети Николе.

Продолжува собирањето потписи и за советничките листи за општина Могила, со носителот Борче Бучиновски, за Сејдо Селиов и листа на кандидати за членови на совет на општина Виница, за советничката листа за општина Чешиново-Облешево со носителот Франческо Наоков.

Граѓаните можат да ја дадат својата поддршка и за Милош Стаменковиќ и листа на кандидати за членови на совет на општина Куманово, за советничката листа за општина Охрид со носителот Арбен Демироски, за советничката листа за општина Охрид со носителот Антонио Наумовски и советничката листа за Охрид со носителот  Стевче Стевоски.

Поддршка за учество на претстојните локални избори граѓаните можат да им дадат и на советничката листа за општина Свети Николе со носителот Ристе Андонов, советничката листа за општина Велес со носителот Гарп Немиш, советничката листа за општина Гази Баба и носителот Дејан Димитровски, за советничката листа за општина Карпош и носителот Невена Горгиевска, листа на кандидати за членови на совет на општина Карпош и за Драгана Велковска и листата на кандидати за членови на Совет на Град Скопје.

Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК работат секој ден од 8 до 20 часот. На 27, 28 и 29 август ќе работат до 21 часот, а на 30 август до 24 часот.

Собирањето на потписи трае заклучно со 30 август.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Загина градежен работник во општината Гази Баба – паднал од височина додека извршувал градежни активности

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе