Германија ја класифицираше Македонија како област со висок ризик на инфекција со ковид. Од недела, 22 –ри август сите македонски патници кои не вакцинирани, а кои ќе пристигнат во Германија ќе треба да одат во 10-дневен карантин, а за тоа време не смеат да се примаат посетители.
Ако патниците покажат потврда за вакцинација или оздравување од болеста, карантинот завршува предвреме. Лицата над 12 годишна возраст кои се вакцинирани, и од вакцината се поминати најмалку 14 дена, можат слободно да влезат во земјата. А преку порталот за влез во Германија, може да се достави и негативен пцр тест најрано пет дена пред влезот. Германија ги признава вакцините на Фајзер, Астра Зенека, Модерна и Џонсон и Џонсон. На децата под 12 -годишна возраст им е дозволено да патуваат во придружба со барем еден целосно вакциниран родител, и ако самите деца не се вакцинирани. Сите останати без вакцинација можат да влезат во земјата само ако патувањето е апсолутно неопходно.
